По укинувањето на делот од владината уредба за носењето заштитна маска на отворено и понатаму тетовската полиција бележи поединци кои не го почитувале задолжителното носење на таква заштита во јавен превоз, такси превоз и во затворени простори.
Според податоците на СВР Тетово, од седум часот на 1-ви јуни до седум часот утринава регистрирани се 80 случаи, односно поединци кои добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба.
– Станува збор лица кои не носеле заштитни маски во возила, јавен превоз, такси, во трговски центри или друг вид на затворени простории, изјави Фатмир Реџепи од СВР Тетово.
Од 1-ви до 31-ви мај, полициските службеници на СВР Тетово за неносење заштитна маски има издадено 1149 прекршночни платни налози самона тетовското подрачје.