Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против 13 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Обвинетите, во различни временски периоди и на различни локации биле затекнати при непочитување на прописите со кои како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се воспоставува забрана за движење на населението во одредени делови од денот. Спротивно на прописите тие се движеле на наведените локации без да поседуваат дозвола за тоа.
Надлежните јавни обвинители бараат за сите обвинети да се определат парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност.