Кумановец бил измамен за 200 евра за купување огревни дрва, соопшти денеска СВР Куманово. Шеесетиседум-годишниот маж го пријавил случајот вчера во 17:45 во кумановската полиција, укажувајќи дека бил измамен од едно лице за сума од 200 евра.

– Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле заедно се упатиле на местото каде наводно биле складирани. Откако пристигнале лицето му кажало дека ќе се врати, само да му донесе испратница, но отишло во неговата куќа и од неговата сопруга ги побарало парите, информираат од СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2021 15:21