Македонскиот младински ракометен репрезентативец и член на прволигашот РК Бутел, Марко Божиновски, почина ненадејно на 20-гпдишшна возраст, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

– Со неизмерна тага и неверување испраќаме последен поздрав за прераната смрт на македонскиот младински репрезентативец Марко Божиновски. Почивај во мир, сочувство до семејството, објави попладнево РФМ.

Засега не е позната причината за смртта на младиот македонски ракометар.

Божиновски ракометната кариера ја почна во скопски Металург, а последните две години го носеше дресот на екипата на Бутел, за која вчера го одигра својот последен натпревар.

Смртта на Божиновски е втора трагедија во македонскиот ракомет во краток период, откако во петокот од водите на Охридското езеро беше извлечено безживотното тело на повремениот македонски репрезентативец и голман на прволигашот Охрид, Никола Даниловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2021 16:28