На 02.06.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Г.Ѓ.(31), М.Б.(34) и Б.Ф.(49), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела разбојништво. Г.Ѓ. и М.Б. се сомничат дека на 27.05.2021 во финансиско друштво со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет.
Врз основ на судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Б., при што биле пронајдени предмети од интерес на истрагата.
Б.Ф. се сомничи дека на 29.05.2021 во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал Х.Б.(45) од Скопје и ѝ одзел пари и накит.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.