Полициски службеници од ОВР Кавадарци денеска (3.6.2021) спроведоа акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават мотоциклистите. Санкционирани се 50 прекршоци, а 12 мотоцикли се задржани во полициска станица согласно чл. 344 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.