Два физички напада во Кавадарци се пријавени во полиција, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
Во првиот случај, кавадарчанката С.В.(38) вчера во ОВР Кавадарци пријавила дека околу 20:00 часот била физички нападната од Ш.Ј. од Кавадарци.
-Рано утрово пак, во 00.10 часот во ОВР Кавадарци, кавадарчанецот А.О.(25) пријавил дека во градот бил физички нападнат од Ф.В.(25), соопшти Додевски.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.