На 03.06.2021 во периодот од 20.30 часот до 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спровеле контрола на брзината со која се движат возилата во населено место.
Притоа, со користење на таканаречениот „ноќен радар“ биле откриени и законски санкционирани вкупно 42 пречекорувања на максимално дозволената брзина, од кои 10 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и пет други видови прекршоци.
Деновиве, исто така, на поширокото тетовско подрачје продолжуваат и контролните активности со кои се опфатени прекршоците кои ги прават мотоциклистите, а во рамките на кои посебен фокус се управувањето без возачка дозвола, некористењето на заштитна опрема и технички неисправните и нерегистрирани мотоцикли.