[photo]

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.06) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Чаир изречени се вкупно 81 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, шест за управување под дејство на алкохол, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се и 14 санкции за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, две за возач почетник.


81 санкционирани возачи во Чаир, 13 без возачка

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2021 10:06