На 04.06.2021 во 18.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.