Денеска (05.06.) во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 151возачи, од кои 100 на територија на Тетово, а 51 на територија на Гостивар. 82 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а девет за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2021 01:10