На подрачјето на СВР Куманово вчера попладне е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат побрзо од пропишаната брзина.

Санкционирани се 93 возачи во периодот од 14 до 20 часот.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 11:13