По четири дена во кои немаше регистрирано ниту еден новозаболен од Ковид-19 во Кичево денеска има еден позитивен случај од петте лица кои беа тестирани во текот на денешниот ден, потврди доктор Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

Тој посочи дека од четирите пациенти згрижени во ковид центарот кај три лица состојбата е тешка и тие се на кислородна подршка, додека кај еден пациент состојбата е исклучително тешка.

Во врска со вакцинацијата, во вакциналниот пункт во Здраствениот дом во Кичево втора недела се одвива ревакцинација на пациентите кои претходно примија прва вакцина на „Синофарм“.

-Во Здраствениот дом втора недела се одвива ревакцинацијата на лицата кои пред три седмици се вакцинирале со кинеската вакцина на „Синофарм“. Од досега вакцинираните 700 пациенти со „Синофарм“, 210 се ревакцинирани, додека 600 –те вакцинирани со„ Астра Зенека“ ќе се ревакцинираат во текот на јули по навршени девет до 12 недели, рече докторот и потсети дека освен во Кичево, поголем број на вработени во одбрана, образование, здравство, полиција се вакцинирани, а дел се ревакцинирани во вакциналните пунктови во Скопје или Охрид. Додаде дека над 3000 граѓани примиле една или две дози вакцини.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 15:33