Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за движење, донесена заради превенирање на болеста Ковид-19.

Обвинителството на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни и тоа по 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 20 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 16:10