Денеска (07.06.) во периодот од 07 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 55 возачи, од кои 43 на територија на Тетово, а 12 на територија на Гостивар. 39 возачи возеле со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а 16 во населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 22:19