За управување возило со брзина поголема од пропишаната денеска во периодот од 7:00 до 12:00 часот на подрачјето на СВР Охрид санкционирани се 57 возачи во рамки на спроведена засилена акциска контрола, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2021 22:44