Во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 448 возачи.
Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип - 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид - 57...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.