Тешка сообраќајна незгода се случи вчера, на крстосница од булевар „Србија“ и булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, информира Министерството за внатрешни работи.
-Околу 23:05 часот во СВР Скопје, вчера вечерта било пријавено дека сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од село Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од село Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје, соопшти МВР.
На местото на незгодата починале возачите Р.А и Х.С., додека со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
МВР информира дека по укажување на лекарска помош, лицето О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.