Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 32-годишен скопјанец, за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Како што информираат од ЈО при извршен претрес на 14 мај 2021 година, службените лица во домот на обвинетиот пронашле наркотична дрога – марихуана во количина од 497,6 грама и дигитална вага на која има утврдено присуство на кокаин и тетрахидроканабинол – психоактивна компонента што го содржи растението канабис.

-Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со Обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2021 16:07