Обвинителен предлог против српски државјанин е поднесен поради непочитување на здравствените протоколи за време на епидемија.

Тој вчера со автомобил се движел низ Скопје при што бил сопрен и легитимиран од полициски службеници.

– Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице – државјанин на Република Србија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик, информира денеска Јавното обвинителство на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2021 16:13