Полицијата приведе 42-годишен жител од село Дрслајца, струшко кај кого е пронашла пиштол и куршуми.
Како што соопшти МВР, при претрес во домот на М.Ч., извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол и 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловна пушка кои нелегално ги поседувал.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.