Поднесен е предлог за издавање казнен налог против 44 годишен гостиварец кој сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од ЈО, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар на Основниот суд Гостивар му предложи на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

-Обвинетиот на 5 мај 2021 година за време на епидемија, постапил спротивно на упатствата и прописите со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест Ковид-19. Тој се тестирал со ПЦР тест за присуство на Ковид-19, по што од извршените тестирања било потврдено дека е позитивен на вирусот и Државниот санитарен и здравствен инспекторат му издал решение за домашна изолација. Но, обвинетиот го напуштил живеалиштето, заминал за од подрачјето и отпатувал за Швајцарија, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 12:19