Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Гостивар против две лица за сторено кривично дело – „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 29 и 31 година, на 1 јули 2020 година околу 19:50 часот во Гостивар ја загрозиле сигурноста на оштетениот вршејќи врз него грубо насилство.

– Откако оштетениот кој управувал со моторцикл, запрел до домот на негов другар за да земе кацига и јакна, до него пристигнале двајцата обвинети со возило Ауди А8. Еден од обвинетите со бокс го удрил оштетениот по кацигата по што му се придружил и другиот обвинет. Откако оштетениот го оставил моторот и побегнал кон блиското училиште, обвинетите потрчале по него. Бидејќи не спеале да го стигнат, се вратиле и почнале да го кршат моторот и кацигата на оштетениот, се вели во соопштението од ОЈО.

Со тоа, стои во соопштението, кај присутните граѓани предивикале чувство на несигурност, загрозување и страв.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 12:20