Еден гостиварец е задржан во полициска станица под сомнение дека физички ја нападнал сопругата, а друг за физички напад врз жена со која претходно бил во љубовна врска.

Според СВР Тетово, ноќеска околу 3:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л. (37) од Гостивар. Тој, еден час пред тоа во семејниот дом физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По пријавата В.Л. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Физичко насилство врз жена е пријавено и во уште еден случај. Од СВР Тетово информираа дека вчера попладне во16:35 часот, гостиварката Ф.Е. (27) пријавила дека на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар физички била нападната од Г.Н.(39) од гостиварско Чегране. Двајцата претходно биле во љубовна врска. Случајот целосно е расчистен и на Г.Н. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2021 12:50