На 09.06.2021 во 21.40 часот на патот Битола-Ресен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Ф.(39) од Скопје, со живеалиште во Ресен и Ш.А.(54) од Ресен.
При преглед во патничко возило „опел“, управувано од С.Ф., а сопатничка била Ш.А. бил пронајден и одземен хероин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.