На 10.06.2021 во 22.30 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги лишиле од слобода И.Р.(26) и Ј.К.(26), двајцата од Струга.
При преглед во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, во кое биле двајцата, бил пронајден и одземен кокаин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.