Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 5 санкции за користење мобилен телефон, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 14 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2021 11:14