Полициски службеници од СВР Тетово денеска (14 јуни) од 16 часот и 30 минути до 18 часот, извршија претрес во домот на Е.А. (26) во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени се 44 пакувања со марихуана. Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", согласно член 215 од Кривичниот законик.