Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица откако во нива во охридско, според првичните информации, се откриени 890 стебла канабис.

Од МВР за МИА потврдуваат дека во текот на вчерашниот ден е спроведена акција од Одделот за сериозен и организиран криминал и СВР Охрид. Имало и претреси на повеќе локации, а повеќе детали од полицијата најавуваат во текот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2021 15:59