Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 за некористење сигурносен појас, 17 за користење мобилен телефон, 94 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2021 14:41