Во селото Арачиново околу 2 часот по полноќ се случила престрелка по претходна расправија поради долг при што се ранети и приведени повеќе лица, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од МВР стои дека денеска во СВР Скопје приведени се М.А (31), М.С.(35) од селото Страчинци и Н.Џ.(27) од селото Арачиново. Полицијата постапила по пријава според која по претходна расправија, М.А.(31) испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) поради долг што овој го имал кон него.

По престрелката, како што информираат од МВР, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите.

Од МВР велат дека во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2021 22:58