На 14.06.2021 во 20:50 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека биле пронајдени неколку пакувања марихуана и прашкаста материја.
Според пријавеното, затворските службеници забележале дека затвореникот Ф.З. ги фрлил од прозорец пакувањата, а потоа потврдил дека се негови. Дрогата била одземена од полициски службеници од СВР Штип за понатамошна постапка.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.