Вчера во 14.05 часот во Полициска станица Кисела Вода, од Итна медицинска помош било пријавено дека во куќа во Кисела Вода бил пронајден починат С.П.(72) од Црна Гора, кој немал документи за идентификација, а за кој, по кажување на соседите живеел подолг период во куќата.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.