Во текот на вчерашниот ден (18.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 194 мотоциклисти.

Од нив, 58 возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес - 43, потоа на територијата на СВР Битола - 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово - 25...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2021 12:58