Синоќа (19/20.06.2021) од 22.00 часот до 03.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 176 возачи.

Тие се веднаш исклучени од сообраќај и изречени им се соодветни санкции. Најголем број на возачи кои управувале возило под дејство на алкохол имало во Скопје-44, СВР Битола-24, СВР Штип-18, СВР Охрид-17...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2021 11:41