Од 14 до 20 часот вчера, на автопатот Скопје – Велес и скопската обиколница, полицијата санкционира 66 возачи за брзо возење.
Според МВР, 62 од нив возеле со брзина 50 километри на час над пропишаната, а 17 возачи возеле со брзина 70 километри на час над дозволената.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.