[photo]

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 13 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање.


247 санкционирани возачи во Скопје, 106 за брзо возење

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2021 10:47