Изложба посветена на Република Македонија ќе се одржи во Музејот на град Лученец, административен центар на регион Новоград – Словачка и ќе трае до 29 август оваа година.

Изложбата е во рамки на циклусот “Од близку – од далеку”, кој што ги претставува земјите-татковини на жителите од регионот Новоград- припадници на други народи и народности. Иницијатори за одржување на изложбата се Сашо Тодоровски, роден во Скопје и Красимир Дамјанов, роден во Свиштово, Бугарија по мајка од Лазарополе, кои веќе неколку децении живеат во Словачка.

Реализацијата е помогната од познатиот македонски фотограф Љупчо Илиевски кој ги отстапи своите фотографии од циклусот ” Чекорење низ Македонија”.

Во текот на вернисажот проследен со жива македонска музика воедно ќе бидат послужувани и македонски специјалитети и вина од Тиквеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/06/2021 10:26