Секторот за внатрешни работи од Скопје расчисти четири кривични дела „насилство“ што се случиле изминатиот период на подрачјето на градот и приведе осум лица.

Министерството за внатрешни работи, попладнево соопшти, дека вчера во полициска станица биле повикани А.Т. и О.А., двајцата од Скопје, затоа што на 3 јуни во паркот Чаир физички го нападнале С.Х. при што А.Т. употребил и остар предмет.

Вчера во полициска станица се повикани и Д.Т. и И.Т. затоа што на 9 јуни физички го нападнале Д.И. од Скопје.

Во средата во полициска станица бил извршен разговор и со А.А. и Б.И. затоа што на 20 јуни на булеварот „Партизански одреди“ физички ги нападнале И.Ј.(20) и С.Ј.(27).

На 19 јуни во полициска станица биле повикани и Б.А.(24) и И.Т.(20) затоа што истиот ден физички го нападнале Б.Л.(51).

Од МВР најавуваат соодветни пријави против сторителите по целосно документирање на случаите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2021 23:26