Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.06.2021) продолжи со контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 13 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 17 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се три санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон при управување возило, две за вградени неатестирани фолии, една за минување на затворен сигнал (црвено светло), 43 санкции за непрописно паркирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2021 13:19