На 25.06.2021 во 19.45 часот на наплатна станица во с.Желино, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Р.(43) од с.Мала Речица, тетовско и Е.А.(31) од Скопје.

При преглед во возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле двајцата и при нивен личен преглед биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2021 14:47