Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.06.2021) продолжи со контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 19 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум за користење мобилен телефон при управување возило....



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2021 12:48