Општина Брвеница им препорача на жителите на селата Брвеница и Седларце да не ја користат водата за пиење од водоснабдителниот систем се додека не се дознаат резултатите од епидемиолошките анализи на Центарот за јавно здравје откако имало голем број поплаки до нив за појава на дијареја и повраќање.

Градоначалникот Енвер Пајазити вели дека утринава се повикани службите од Центарот за јавно здравје за да земат мостри и да испитаат во каква состојба е водата за пиење. Резултатите ќе се знаат по два дена.

-Ние како општина не може да кажеме каква е водата. Се е можно и во други села има такви појави поради високи температури. Препорачавме да не се пие водата се додека од Центар за јавно здравје не се добијат резултатите. Тие ќе утврдат точно каква е состојбата на водата, информира Пајазити.

Градоначалникот рече дека во неделата имало дефект во водоснабдителниот систем.

– Изгоре пумпа на бунар, беше ставена нова пумпа во текот на денот. Во општина Брвеница имаме 10 бунари од кои водата се зема со пумпи од длабочина до 40 метри. Изворска вода немаме, истакна Пајазити.

Општинското јавно претријатие „Вардар“ информираше дека според информациите на Центарот на јавно здравје водата била соодветно хигиенски третирана со хлор.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 12:59