Водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок и ако продолжи да расте можни се излевања по нејзиниот слив, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Заради тоа, како што велат од ЦУК, од УХМР предупредуваат за внимателност при движење покрај сливот на Крива Река. Воедно од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да не престојувааат на отворен простор и под осамени дрвја при грмежи и молњи, односно при силни електрични празнења.

Според денешната хидролошка информација од УХМР и очекуваната тенденција за реките и езерата, нивото на водостоите е во покачување



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2024 05:42