Одобрениот проект од УНДП и овозможи на општина Гевгелија да распише јавен оглас со кој ќе ангажира десет општи работници за уредување јавни сообраќајни површини и чистење одводни канали на територијата на Гевгелија, соопштија денеска од општинската служба за односи со јавноста.

Апликациите се поднесуваат во Општината и, согласно условите, работниците ќе бидат ангажирани 22 дена за изведување на предвидените работи, а заинтересираните апликанти треба да бидат евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на РСМ, подрачна единица Гевгелија.

Соработката со УНДП, велат од Општината, била воспоставена уште пред пандемијата кога биле ангажирани работници за одржување на зелените површини во туристичките локалитети Вардарски рид и Динќут, како и на одводниот канал Рауљ.

Средствата за исплата на десетте општи работници за 22-дневниот ангажман ќе ги обезбеди УНДП, посочија од Општина Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2021 15:08