Со мотото „Боја како музика и музика како боја“, Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово го организираше првиот настан од овој формат, на кој сликарите преку боите ги насликаа звуците на музиката што ги слушаа во реално време. Сликаа уметниците Лулзиме Лека – Мулаку, Невзат Бејтули – Кица и Нехат Беќири, додека музички настапи имаа Теута Алими – Селмани (пијано), Абаз Јахјаи, Ајден Јахјаи и Кораб Хајдари.

Координаторот на овој настан, професорката Јелдез Асани, истакна дека оваа форма на организација е посебна затоа што сликарите треба да го насликаат она што го слушаат преку звуците на музиката создавајќи синтеза на музика со сликарството.

– Всушност, прашањето ќе биде дали сликарите можат да сликаат што ќе слушнат и дали музичкиот тон влијае на изборот на бои што ќе ги користат овие уметници, така што овој одговор ќе им го оставиме на уметниците да ја изразат таа емоција, Јелдез Асани професорка на Факултетот за уметност при Универзитетот во Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2021 00:48