Во текот на вчерашниот ден (30.06.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 213 возачи.

Од нив, 135 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 42 возеле без возачка дозвола, девет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2021 13:16