Во два одвоени случаи приведени се две лица, кои според информациите на СВР Тетово, се однесувале агресивно кон полициските службеници и извршиле физички напад.
-Вчеравечер околу 22:45 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 44-годишната тетовка Л.Ѓ., која се однесувала агресивно и физички ги нападнала при вршење на службени дејства. Околу 1 часот, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л.И.(31) од тетовско Доброште, кој се однесувал агресивно, го нарушил јавниот јавниот ред и мир и одбивал полициска наредба, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Двајцата биле задржани во полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе се соочат со соодветен поднесок.