Во регионалната занаетчиска комора на Гевгелија, во која се зачленети преку 300 вршители на самостојна занаетчиска дејност од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран во време на пандемијата финансиска помош од државата за доделување осум плати по 14.500 денари искористиле сите кои ги исполнувале условите за покривање на придонесите и опстојување на дејноста.

Годинава, велат од општината, за нив е значајно што со Закон се намали персоналниот данок за 25 отсто во однос на минатата година, а вредно за спомнување е и податокот дека општина Гевгелија им помогна со намалување на комуналните такси за 2020 и 2021 година.

Од ден на ден, посочија од комората, со користење на грантот од АВРМ се зголемил и бројот на занаетчии за 22 новопријавени во текот на изминатата година од кои 10 во Гевгелија, пет во Богданци и седум во Валандово. Претходно, без користење на владините мерки, се формирале уште пет занаетчии од кои четири во Гевгелија и еден во Богданци.

Моментно, велат од комората, не е задоволителен само бројот на усогласените занаетчии со новиот Закон и нивно впишување во единствениот регистар на занаетчии во Министертвото за економија, со што се создава нелојална конкуренција и револт кај оние што ја завршиле таа обврска.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2021 20:55