Наредниот викенд во Кичево, по 13-ти пат ќе се одржи Меѓународниот фестивал на игра и песна „Др.Владимир Полежиноски“.

На годинешниот фестивал покрај локалните друштва ќе земат учество и културно- уметнички друштва од други градови од земјава како и од странство. Фестивалот ќе се одвива на летната сцена од Домот на културата а традиционално овој фестивал е посетен од голем број на граѓани на Кичево.

– По 14-ти пат во Центарот за култура во Кичево ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал на игра и песна „Др.Владимир Полежиноски“. Во двата дена на летната сцена пред Центарот за култура очекуваме да продефилираат повеќе од 10 културно- уметнички друштва,почнувајќи од КУД„ Рацин“ домаќин на фестивалот,до КУД „Тасе Милошески“ од Ресен,потоа фолклорната група „Етнос “од Скопје,друштвото при центарот за култура во Охрид а се очекува и настап на фолклорни друштва од Турција,Албанија и Косово.Очекуваме содржината на фестивалот во целост да ги задоволи вкусовите на љубителите на фолклорот и песната од градот и нивните гости, истакна Мазлам Османи, директор на Центарот за култура од Кичево.

Инаку, фолклорниот фестивал „Др.Владимир Полежиноски“ во Кичево финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ со 350 илјади денари. Организаторот на фестивалот потсети дека во случај да има врнежи од дожд, настапите на друштвата ќе се одвиваат во големата сала од Центарот за култура.

Минатата година поради актуелната состојба со ковид 19 фестивалот во Кичево не се одржа.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2021 21:26